АА кон Мицкоски: Формулацијата со 20% е навредлива за Албанците, нас ни пречи кога некој ќе каже северномакедонски јазик

од Берта Китинска

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20% од населението“ не е поврзана со дневната политика, туку со навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани. Ова ќе ја зголеми внатрешната социјална и меѓуетничка кохезија и ќе ја направи Македонија уште подобра, уште посилна и земја која ги прифаќа европските вредности на јазична и културна различност, велат од Алијанса за Албанците.

– За нас е подеднакво навредливо кога јазикот на нашите сограѓани се нарекува северномакедонски или славомакедонски, а понекогаш и поинаку. Затоа, проблемот од 20 отсто г. Мицкоски и другите мора еднаш засекогаш да сфатат како што треба, тргнувајќи од самите себе и да престанат да го збунуваат мислењето со создавање амалгами со Балансер, кој е алатка за планирање за вработување во јавниот сектор за остварување на уставната обврска за соодветна застапеност на заедниците.

Бадентер или таканареченото двојно гласање е европски стандард за одржување на мирот и стабилноста што беше воспоставен во републиките од поранешниот комунистички блок по големите трагедии како што се војните во поранешна Југославија. Овој механизам го носи името на неговиот творец Роберт Бадентер, поранешен министер за правда и поранешен претседател на уставниот суд на Франција, или светилник на просветителството и европската демократија.

Секое прекршување на овој механизам на консоцијална демократија би било ретроградно и би донело последици кои никој од нас не би ги посакал. Ако ова двојно гласање за некого е „проблематично“, треба да се земе предвид дека многу земји слични на нашата го имаат регулирано ова прашање со дводомен парламент, кој треба да се стави на маса доколку се отвори таква расправа во иднина.

Го отфрламе секое условување кое ги разнишува темелите на нашата држава, изградена врз принципите на консоцијална демократија. Ваквите услови не можат да се сметаат поинаку освен како дневна политика за внатрепартиска употреба, за одржување на фотелјата наспроти предизвиците кои се надвор од Македонија и Европа, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Може да разговарам за нов договор за Македонија со кој ќе ја избришеме нормата „20%“ од Уставот“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е подготвен да разговара за како што рече, нов договор за Македонија со кој би се избришала и нормата „20%” од Уставот, но и нормите „Бадентер” и „Балансер” за во Македонија да има фер систем во кој луѓето ќе напредуваат затоа што имаат знаење и се конкурентни а не затоа што се дел од некаква квота или бројка.

-Aко мислите за таа норма од 20%, многу пати во минатото сум кажал, подготвен сум да седнам да разговарам со секого, но тоа е оној нов договор за Македонија за кој што треба да разговараме и за нормата „Бадентер”, за нормата „Балансер” и да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка или некаква си квота или некаков процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкурентни, имаат знаење итн, потенцираше Мицкоски.

Слични содржини