АД ЕСМ понуди поскапа струја за 16%

од Nikola Popovski

АД ЕСМ поднесе понуда за цена од 110 евра за мегават час место досегашните 143 евра на повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на Електродистрибуција, за количини од 437.566 мегават часови за периодот од  јануари до јуни 2023 година.

-На повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на Електродистрибуција, за количини од 437.566MWh за период јануари-јуни 2023г, АД ЕСМ поднесена понуда за цена од 110e/MWh, наместо досегашните 143e/MWh. На повикот на ЕВН Хоум за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар за количини од 2.043.095MWh за период јануари-јуни 2023г, АД ЕСМ се пријави со понуда од 56e/MWh, наместо досегашните 48e/MWh, информира ЕСМ.

-Оваа цена е за околу 16% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегават час, стои во соопштението на ЕВН Хоум.

Најдоцна до 22-ри декември ќе биде соопштена новата цена на електричната енергија за 2023, најави вчера директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека е можно намалување на трошоците за сметки за одредена категорија на граѓани.

-Граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари 2023 година во однос на цената на струјата, а оние граѓани коишто најмалку трошат, коишто најмногу заштедиле, а тоа се во првите два тарифни блока сметам дека нема да имаат зголемување, изјави Ковачевски.

За цената на електричната енергија ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Слични содржини