AFP: Стинг ја отвора салата “Батаклан” една година по трагедијата

од Vladimir Zorba

images

Рок пејачот Стинг денеска повторно ќе ја отвори “Батаклан” – познатата концертна сала во Париз, каде џихадистите убија 90 лица, пренесува AFP. Шоуто на изведувачот ќе биде длабоко симболично, за да ја одбележи првата годишнина од најкрвавиот терористички напад во Франција.
На 13 ноември 2015 година (петок) ноќта на ужасот започна откако три лица се саморазнесоа во близина на националниот стадион на Франција – “Стад де Франс”.
Други екстремисти од терористичката група “Исламска држава” отворија оган врз беспомошни луѓе кои се наоѓаат во кафулињата. Најголема сепак беше трагедијата во “Батаклан”, каде посетителите на тогашниот концерт во салата беа стрелани еден по еден.

Слични содржини