Агент ја „разочара“ мајката на Роналдо

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо нема да се врати во Спортинг Лисабон следното лето.

Иако тоа беше помпезно објавено во четвртокот од неговата мајка Долорес, се огласи агентот на португалскиот ас – Жорже Мендеш.

Тој посочи дека Спортинг во никој случај не е еден од клубовите што може да ги исполни финансиските барања на играчите на Јувентус.

„Во моментов, тој не планира да се врати во Португалија“, потврди Мендеш.

Роналдо влегува во последната година од договорот со Јувентус од јули и тешко дека ќе сака да го продолжи со 36-годишниот фудбалер.

Во Торино сигурно размислуваат да се ослободат од неговиот голем договор што му беше даден пред три години, откако тој не го оправда целосно.

CR7 не успеа да ја постигне главната цел и да ја донесе Лигата на шампионите, а оваа сезона деветгодишната доминација во Италија беше дури срушена и круната му беше предадена на Интер.

Дури и Јувентус е во ситуација да остане без место во Лигата на шампионите, за што ќе му треба победа против Интер во сабота од 18 часот.

Слични содржини