Агим Јонуз: Најголеми фраери во моментов се малите партии бидејќи од нив зависи составот на Владата

од Aleksandar Petrovski

Во гостувањето во Само Вистина на Канал 5, аналитичарот Агим Јонуз смета дека најголеми фраери во моментов се малите партии бидејќи од нив зависи составот на Владата.

-Факт е дека кај Албанците се провејува еден националистички шмек. Сметам дека и кај партиите на  Албанците и кај Македонците се измешани идеологиите.

Македонија овој момент ја подразбираат како огромно претпријатие каде што единствена борба е поделбата на фотељите.

Најголемите фраери во моментов се малите партии затоа што од нив зависи составот на владата. На пример Апасиев со два пратеници може да прави што сака.

Со години тој еден глас на Амди Бајрам беше најкомерцијален. Амди Бајрам даваше гол со пета овие даваат меѓу нозе, рече Јонуз.

 

.

Слични содржини