Ахмети нуди сите функционери да поминат низ процес на т.н. Ветинг

од desk2

Партијата на Али Ахмети останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност.


Лидерот на интегративците на средба со ИРИ во Собранието, барал совети за примена на системот за проверка во земјава. Само на тој начин според него ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести. За скандалот со Павле Богоевски пак вели дека не бил во тек.

Во врска со “Операција Метла”, Ахмети вели дека се уште не разговарал на таа тема со Заев, чека да поминат обврските на премиерот за да договорат состанок на таа тема. Заев пак од Виена повторно најави дека промените на дел од функционерите кои потфрлиле во својата работа ќе се случат на почетокот на идниот месец и кажа дека граѓаните испратиле јасна порака дека потребна е промена, јави Канал 5.

Слични содржини