Ајкула нападна сурфер во Австралија, затворени неколку плажи

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку популарни плажи во Западна Австралија се затворени откако ајкула нападна сурфер гризејќи го за нога.

Нападот се случил утрово малку пред 9 часот по локално време.

Сурферот, кој има околу 20 години, успеал да доплива до брегот каде му била укажана прва помош. Се сомнева дека бил нападнат од голема бела ајкула.

Тој е префрлен во болница и е во стабилна состојба. Не му е загрозен животот.

Шокираните капачи за медиумите изјавиле дека сурферот имал голема среќа и дека можело да биде полошо.

„Изгледаше смирен кога стигна до брегот и побара помош во блиското кафуле“, изјавија очевидци.

По нападот, неколку плажи биле затворени, а капачите биле советувани да бидат внимателни.

Слични содржини