Ако СДСМ пронајде струја која ја произведува Мицкоски слободно нека ја одземе, предлага ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Ако СДСМ пронајде струја која ја произведува Мицкоски тогаш слободно нека ја одземе, во спротивно што правиме со 26-те милиони евра тешката афера „Броило“, посочија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека „граѓаните за овие пет години откако СДСМ е на власт чувствуваат единствено кризи“.

Од владеачката партија денеска побараа „ВМРО-ДПМНЕ да го повика Христијан Мицкоски струјата која е произведена во неговите хидроцентрали бесплатно да ја даде на домаќинствата“.

-Наместо да фабрикува лаги ВМРО-ДПМНЕ нека го повика Мицкоски да даде конкретна поддршка на граѓаните, наместо да ги полни џебовите од фактурите за продадена електрична енергија. И во време на криза и години претходно Мицкоски се богател на земјиште доделено од неговиот шеф Груевски, кажаа од СДСМ.

Слични содржини