Активни над 21.000 корона-случаи: Кои градови имаат најмногу, а кои најмалку заразени во моментов?

од Nikola Popovski

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.

Според епидемиолошките анализи, во моментот по дистрибуцијата по градови Скопје има активни 10.647 корона-случаи. По него следуваат Прилеп со 1.082 случаи и Куманово со 1.096 случаи.

Најмалку активни случаи има во градовите Македонска Каменица и Дојран, со активни 16, односно 15 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека последните 24 часа, регистрирани се 1.259 нови случаи и вкупно 45 починати лица од коронавирус.

Слични содржини