„Актор“ се извини за вчерашната забава по повод делницата Демир Капија – Смоквица

од Vladimir Zorba

Грчката компанија Актор, која ја градеше делницата, признаа дека тие ја организирале прославатана која се играа ора, лепија банкноти на трубачи по повод отварањето на автопатот Демир Капија – Смоквица. Тие се извинија ако погрешно биле разбрани, пренесува Телма.ТВ.

„Настанот започна во кампот во Демир Капија и во тунелот и траеше кратко време. Целиот настан беше организиран од АКТОР. Во него учествуваа вработените, супервизорите и добавувачите од земјата. Сите луѓе дојдоа со автобус организирани од АКТОР. Сите гости отидоа со автобус од кампот во тунелот и по кратко време се вратија назад во кампот за да продолжат. Се извинуваме ако ова беше погрешно разбрано“, стои во реакцијата од АКТОР за порталот Либертас.

А за двокатниот автобус од Град Скопје велат дека автобусот бил најрегуларно изнајмен од ЈСП за што било платено околу 400 евра за цел ден возење.

Новите 28 километри автопат ја чинат државата 270 милиони евра, а со оваа делница се добива целосно автопатско решение долж коридорот 10. Специјалното јавно обвинителство за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица  ја отвори истрагата „Актор“ во која се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески кои се сомничат дека ја фаворизирале грчката фирма „Актор “ на меѓународен тендер, и покрај тоа што италијанска компанија доставила најповолна понуда за изградба на автопатот.

Слични содржини