Акциите на Алибаба скокнаа за 7%, за се е „виновно“ видеото од 50 секунди

од Берта Китинска

Вредноста на акциите на Алибаба скокна за 7% за време на тргувањето во раните утрински часови, а за сè е виновен видеото од 50 секунди во кое, по три месеци отсуство, се појавува првиот човек на оваа компанија Џек Ма.

Првиот човек на Алибаба, Џек Ма, се појави во јавноста за прв пат од октомври кога нагло се повлече по критиките од кинеските власти за покренување истрага против неговата компанија. Неговото исчезнување од јавната сцена предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа, особено во време кога вредноста на неговата компанија започна да опаѓа. Сепак, по три месеци, милијардерот се обрати на група од 100 рурални наставници од Кина, а состанокот се одржа преку видео состанок.

Тој порано самиот беше учител, па овие теми му се пријатни и не сакаше да го пропушти овој традиционален настан.Неговиот човек за односи со јавност потврди дека ова обраќање се случило денес и со тоа ја потврди автентичноста на видео клипот што се појави во јавноста.

На ова видео, тој носеше син џемпер и се обраќаше на камерата директно од просторија со сиви мермерни sидови, па не беше јасно од каде точно доаѓа. Пекинг започна контроли врз компаниите на Ма, откако тој одржа контроверзен говор во Шангај на 24 октомври, во кој го критикуваше кинескиот регулаторен систем, кој ја задушува иновацијата, и ги спореди глобалните банкарски правила со „клубот за пензионирање“.

Слични содржини