Алармантен број на заразени во Хрватска: Регистрирани над 800 нови случаи

од Берта Китинска

Во изминатите 24 часа, во Хрватска беа регистрирани 819 нови случаи позитивни на коронавирусот, а осум лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита во Загреб.

Во Загреб има 286 нови случаи на Ковид 19.

Во моментов во Хрватска има 5.164 активни случаи на ковид 19, меѓу кои 548 пациенти се во болница, а 32 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, кога беше потврден првиот случај на инфекцијата во Хрватска, вкупно 25.580 лица се регистрирани со новиот коронавирус, а 363 починаа.

Слични содржини