Алиша Силверстон критикувана поради изјава за нејзиниот однос со 11-годишниот син

од Stefanija Kuzmanovska

Неодамна се крена прашина околу признание на американската актерка Алиша Силверстон. Имено, таа откри дека има многу близок однос со нејзиниот 11-годишен син Беар, па дури и го дели креветот со него. Алиша истакна дека спие со својот син, кој е речиси тинејџер, бидејќи „таа е мајка полна со љубов“.

Тоа ги крена страстите во јавноста, а многу експерти тврдат дека славната 45-годишна жена греши во воспитувачкиот метод. Експертот за родителство и психолог Рина Пател отворено го критикуваше нејзиниот став.

– Кога детето ќе почне да ја преиспетува разликата меѓу половите, ќе влезе во пубертет и/или ќе почне да покажува непријатност, родителите треба да престанат да го делат креветот со него. Тоа може да биде веќе во период од пет години – изјави Пател за „Дејли мејл“.

Пател верува дека толкава приврзаност за детето може да доведе до намалена количина на слобода што детето треба да ја истражува и може да го ограничи развојот на независните вештини и да доведе до предизвици во другите односи.

– Кога детето ќе прооди, треба да почне да спие самостојно. Овој родителски стил може да предизвика проблеми со границите, па дури и на самата мајка, односно нејзиниот љубовен живот, бидејќи нема доволно време за себе. Верувам дека претерано прилепеното родителство исто така ќе предизвика проблеми за Беар во иднина. Ова може да доведе до насилство од врсници – истакна таа.

Слични содржини