Алкалоид започна со исплата на дивиденда

од Vladimir Zorba

Фармацевтската компанија Алкалоид, на 20-ти мај, започна со исплата на дивидендата за акционерите во компанијата за 2019 година.

Во согласност со одлуката донесена на Собранието на акционери, на акционерите во Алкалоид им се исплатува дивиденда за 2019 година во висина од 324 денари нето, односно 360 денари бруто за една акција.

Дивидендата, која акционерите на Алкалоид ја добиваат за 2019 година, е за 19% поголема од дивидендата што им беше исплатена за 2018 година на нето-основа.

Слични содржини