Алтернатива-Бутел: Огранокот на Алтернатива во Бутел нема соработка со Смилевски и СДСМ

од Берта Китинска

Откако на социјалната мрежа Фејсбук беше објавено дека наводно, Алтернатива -Огранок Бутел, на престојните локални избори одлучиле да го поддржат досегашниот градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски, ние сме обврзани да ја информираме јавноста дека официјалните информации на огранокот на Алтернатива во Бутел се објавуваат исклучиво на овој профил и дека единствено тие се наш официјален став.

-Ние никому не му забрануваме да се сретнува и фотографира со кого сака, но Алтерантива- Бутел и нејзиниот претседател Самир Исени, ни се имаат сретнато со Велимир Смилевски, ниту пак, преку трети лица, му имаат изразено поддршка.

Така како што е и информирана јавноста, ние на овие избори сме во коалиција со Алијанса за Албанците и имаме договори за меѓусебна поддршка со неколку други партии, во зависност од тоа во која општина ќе се одвива изборната трка. Исто така, ние, како коалиција, ја поддржуваме кандидатурата на независната кандидатка за Град Скопје, Даниела Арсовска, која веќе е уверена во фактот, зад кој ние цврсто стоиме, а тоа е дека Велимир Смилевски не ја ужива нашата поддршка.

Измамите кои што тој ги направи во текот на неговиот мандат,како и неисполнетите ветувања што им ги даде на жителите на Бутел, посебно на жителите на с.Љуботен и на тие од населбата Визбегово, се доволна причина за ние да бидеме сигурни дека тој не заслужува уште еден мандат, соопштија од огранокот.

Слични содржини