Амбасада на САД во БиХ: Заканите на Додик за отцепување на РС се опасни за безбедноста на БиХ и на Западен Балкан

од Radmila Tasevska

Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска соопшти дека „сепаратистичката реторика на претседателот на Република Српска Милорад Додик и неговите закани за отцепување од Босна и Херцеговина се антидејтонски и опасни, не само за стабилноста и безбедноста на БиХ, туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион на Западен Балкан“.

Амбасадата реагираше откако Додик, во интервју за хрватскиот магазин Национал, повторно се закани дека РС ќе прогласи независност, нагласувајќи дека „реториката на Додик, како и антидејтонските акции и обидите за поткопување на државата Босна и Херцеговина“ се причина зошто е под санкции на САД.

„Не постои право според Уставот на БиХ да се отцепи ентитет или која било друга поддржавна единица. сакаат и заслужуваат. Заблудите на Додик се опасно отстапување од мирната, демократска и просперитетна иднина што ја посакуваат и ја заслужуваат граѓаните на Босна и Херцеговина, вклучително и оние кои живеат во РС“, се наведува во реакцијата на американската амбасада во Босна и Херцеговина.

Тие повторија дека САД секогаш го поддржувале и ќе продолжат да го поддржуваат територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на БиХ.

Додик во интервјуто рече дека Република Српска ќе признае 15 земји, дека Хрватска ќе се спротивстави на тоа, но дека на крајот „ќе ја прифати новата реалност“.

Слични содржини