Амбасадорите на ЕУ се договорија за преговарачкиот мандат на Советот за инструментот за реформи и раст за Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска го договорија преговарачкиот мандат на Советот на ЕУ за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, што ќе му овозможи на претседателот на Советот на ЕУ да ги започне преговорите за конечниот текст за инструментот со Европскиот парламент.

Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, преговарачкиот мандат на Советот се надоврзува на предлогот на Европската комисија за воспоставување на овој инструмент, „понатамошно појаснување и развивање на некои негови елементи, вклучително општите и конкретните цели на инструмент и предуслови за поддршка на ЕУ“.

Како што се додава, една од клучните измени се однесува на зајакнувањето на улогата на Советот во управувањето со инструментот, особено во усвојувањето и дополнувањето на реформската агенда, следење на исполнувањето на предусловите за поддршка од ЕУ и оценување на исполнувањето на условите за плаќање.

Слични содржини