Американска легенда: Се надевам дека публиката ќе му прости на Ѓоковиќ

од Nikola Popovski

Џим Куриер, легендарен американски тенисер, апелирал на разбирање за Новак Ѓоковиќ.

Поранешниот тенисер, денес водител на програмата на големите турнири, нагласува дека треба да се поддржи Србинот и барем да му се дозволи да објасни што сакал да постигне.

„Новак направи посебен напор да се залага за правата на другите во Австралија. Тој беше лидер и мислам дека јавноста погрешно го сфати тоа. Се надевам дека публиката во Австралија ќе му прости и ќе му даде барем уште една шанса да објасни што сака“, изјавил Куриер.

Американецот алудирал на списокот со барања што Новак ги испрати до Крег Тили, директорот на Австралија опен, со цел да им даде на играчите во Мелбурн малку повеќе слобода и нормална подготовка за грен слемот. Сите точки на ова писмо беа отфрлени од Владата на Австралија.

Куриер истакна дека е свесен дека многу реакции немаат никаква врска со самата тема.

„Новак е чувствителен на јавното мислење. Тој троши многу енергија на тоа и судејќи според она што го стори на теренот, треба да го обожаваат навивачите. Сепак, тој се појави во време кога тениската база беше поделена на навивачи на Роџер Федерер и Рафаел Надал“, заклучил Куриер.

Ѓоковиќ од 2 до 6 февруари ќе го предводи српскиот тим на АТП купот, а од 8 до 21 февруари ќе го брани трофејот на Австралија опен.

Слични содржини