Американски советник потврди дека постои комуникација со Кремљ

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан потврди дека каналите за комуникација меѓу Вашингтон и Москва се отворени и покрај војната во Украина.

За време на своето обраќање во Њујорк, Саливан рече дека во интерес на САД е да одржуваат контакт со Кремљ, истакнувајќи дека американските власти „се свесни со кого си имаат работа“, пренесува Би-Би-Си.

Неговата изјава уследи по извештајот на „Волстрит журнал“ во кој се вели дека Саливан разговарал со руски официјални претставници за да ги намали ризиците војната во Украина да ескалира во нуклеарен конфликт.

Се наведува дека Саливан бил во контакт со советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков и секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, но дека тема на разговорот не биле начините за ставање крај на украинскиот конфликт, пренесува „Танјуг“.

Белата куќа не објави јавно никакви разговори меѓу Саливан и некој висок руски функционер од март, кога американскиот советник за национална безбедност разговараше со Патрушев.

Слични содржини