Амфихолије негативен на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије е негативен на коронавирусот, пренесуваат црногорските медиуми.

Според „Вијести“, тој бил тестиран денес.

– Најважната вест што денес ни доаѓа од Клиничкиот центар на Црна Гора во врска со здравствената состојба на митрополитот Амфилохије е дека тестот за коронавирус што беше направен денес е негативен. Денес беше извршен ултразвук на срцето, кој покажа сосема нормален наод и неоштетен срцев мускул. Исто така е охрабрувачки што другите витални параметри остануваат стабилни. Наодите се во постојано мало подобрување. Секако, процесот на закрепнување на митрополитот Амфилохије сè уште трае. Потребно е да се санираат последиците предизвикани од коронавирусот, пред се пневмонијата, која веќе неколку дена се повлекува – објави МЦП.

Амфилохије беше примен во болница на 6 октомври, кога покажа позитивен тест за коронавирус.

Слични содржини