Анчелоти изненаден дека Крос не меѓу номинираните за „Златната топка“

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти објави дека е изненаден од отсуството на Тони Крос од листата на номинирани за „Златната топка“.

„Ме изненадува затоа што Крос имаше фантастична сезона. Но, очигледно е проблем ако ги номинираме сите играчи на Реал Мадрид, јас го разбирам тоа“, се пошегува италијанскиот тренер на прес-конференцијата пред натпреварот со Алмерија во Примера.

„Валверде, Милитао, Алаба… сите заслужуваат да бидат таму. Сите имаа фантастична сезона. Не зборувам за освојување на „Златната топка“, но сите заслужуваат да бидат на списокот“, додаде тој.

Бразилецот Виничиус е дел од 30-те кандидати за трофејот кој ќе биде претставен на 17 октомври.

„Тој го постигна победничкиот гол за нашата 14-та Лига на шампиони, имаше неверојатна сезона… Не му е гајле дали ќе заврши 4-ти или 9-ти. За моите играчи важна е само победата. Тој ќе биде подобар во иднина. За жал на Вини, оваа сезона победникот е веќе кај нас“, додаде Италијанецот мислејќи на Карим Бензема.

„Она што го очекуваме од Виничиус е да продолжи по патот на успехот. Тој не застана, не се измори. Имаше импресивна сезона, постигна многу голови. Сакаме да продолжи така“, заврши Анчелоти.

Слични содржини