Анчелоти се огласи по информациите дека му се заканува 5-години затвор

од Vladimir Zorba

Откако беше објавена веста дека на тренерот на Реал Карло Анчелоти му се заканува затвор, светот на фудбалот беше во очекување што ќе каже на таа тема.

Имено, Карло Анчелоти беше обвинет дека го оштетил шпанскиот буџет за точно 1.062.079 евра. Причината е наводно неплаќање данок, а истражителите откриле дека тој лажно ги прикажувал своите приходи и имотот што го поседува (се работи за периодот во 2014 и 2015 година).

Очекувано, веднаш по натпреварот против РБ Лајпциг (вкупни 2:1) во кој Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Карло Анчелоти, покрај за слувањата во реваншот, беше прашан и за можната затворска казна. Првите информации велат дека шпанскиот закон одредува максимална казна од 4 години и 9 месеци за ваков прекршок.

„Анчелоти потпиша договор со Реал на 4 јули 2013 година за период до 30 јуни 2016 година. Во него се наведува дека неговите примања се состојат од плати и бонуси, како и правото да ги користи своите имиџ прави, кои ги префрли на клубот. Понатаму, обвинетиот работел и живеел во Шпанија, а негов дом бил имот на централниот плоштад во Мадрид. Меѓутоа, откако Анчелоти претходно на 25 мај 2015 година ја завршил својата деловна врска со Реал, тој го изнајмил споменатиот стан до октомври истата година. Врз основа на ова, јасно е дека во текот на 2015 година Шпанија била центарот на неговите лични и деловни односи“.

Секако, се што пишува во обвинението на Анчелоти му е познато од поодамна, па по мечот кратко рече:

„Да, тоа е стара приказна од 2015 година. Обвинителството смета дека сум бил жител на Шпанија во тоа време, а верувам дека не сум бил. Парите се веќе кај обвинителството, а решението треба да го најде адвокатот. Сигурен сум дека во тоа време не живеев во Шпанија и дека сум невин, а ќе видиме што ќе каже судијата за се“, кратко изјави 64-годишниот Анчелоти.

Слични содржини