Ангелов ги координира активностите за гаснење на пожарот помеѓу селата Барово и Вешје

од Vladimir Zorba

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов утрово координираше со активностите за гаснење на пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје меѓу општините Демир Капија, Неготино и Кавадарци, што има огнен крак проширен и кон Висорамнината Витачево.

Од терен се одлучува за методите и тактиките што во моментот е можно да се применат до крајот на денот, а и ако е потребно ангажирањеирање и на хеликоптерско противпожарно дејство.

Утрово Ангелов остварил и куса координативна средба во Барово со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров, а и со локалните сили и со дел од месните жители.

На местото за противпожарно дејство над Барово се дојдени и дејствуваат 60 припадници од полицијата и 50 припадици на армијата заеднички со ангажираните сили од субјектите на системот за управување со кризи, здружени од повеќе општини (Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Валандово): Национални шуми, Територијалните противпожарни бригади, ДЗС, Комунални претпријатија и други субјекти од локалните четири самоуправи, а и месни жители.

Припадниците на полицијата, што ноќта дежураа на линијата на пожарот над Барово, биле повлечени.

Вчера, пред да настапи мрак, францускиот експертски тим дејствуваше со контра-пожар за создавање безбедна одбранбена линија над селото Барово, а денеска е ангажиран на Осој, над Раовиќ и Буковиќ.

Слични содржини