Ангелов: Левица ќе се приклонат кон ВМРО-ДПМНЕ, ниеден левичар нема да гласа за нив

од Nikola Popovski

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, за емисијата „Само вистина“ изјави дека на партијата Левица ќе и се случи истата судбина како на неговата коалиција во 2016 година, кога заедно со Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски заедно учествуваа на изборите.

„Тешко се успева меѓу двата големи политички блока. Тоа што го кажува Апасиев е точно и издржано, но не функционира во реалноста. Мислам дека Левица нема да влезе во Парламентот“, вели Ангелов.

Тој изјави дека како партија, Достоинство е во одлична кондиција и тежат повеќе од 10 000 гласови.

„Мислам дека Левица ќе се приклонат кон ВМРО-ДПМНЕ, а јас не познавам ниеден левичар што би гласал за ВМРО“, изјави Ангелов.

Слични содржини