Ангелов: Мицкоски ги прифати изборните резултати

од Nikola Popovski

„Не видов жестока реакција на ВМРО-ДПМНЕ. Ако има измена на изборниот законик нормално е да опозициските партии да реагираат, доколку тие измени не им одговараат“, изјави Стојанче Ангелов за емисијата „Само вистина“.

„Претседателот на ДИК е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека тој е нивен близок човек. Сигурно не предложиле некој од противничкиот табор. Од неговите изјави не гледаме дека тој наоѓа сериозни проблеми во изборниот процес“, вели Ангелов за претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Според Ангелов, ВМРО не ги спорат гласовите.

„Мицкоски во својата прес-конференција ги прифати овие изборни резултати, но факт е дека имавме големо потфрлување на системот“, изјави Ангелов.

Слични содржини