Ангеловска-Бежоска: Стапката на раст на македонската економија ќе биде 3,9 проценти

од Nikola Popovski

„За оваа година, проектираме постепено закрепнување на економијата, односно стапка на раст од 3,9 проценти. На среден рок понатаму, очекуваме солидна стапка на раст“, вели гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска за емисијата „24 анализа“.

Според неа, од наредната година растот ќе биде над 3,9 проценти, а во просек ќе достигне до 4.

„Ние сме многу отворена економија. За нас, извозот е многу значаен и тоа е клучен мотор за нашиот раст“, потенцира Бежоска.

Слични содржини