Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба во ходник на избирачко место

од Симе Стоиков

Тони Ангеловски, портпаролот на Министерството за внатрешни работи одржа прес-конференција на која ги соопшти досегашните нерегуларности на денешните претседателски избори.

-Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, гласањето се одвива мирно без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач, кажа Ангеловски и додаде:

– На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземни мерки и активности и на ова место гласањето продолжи да се одвива непречено, соопшти Ангеловски.

Покрај тоа, на територија на општина Чаир се забележани летоци кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графити.

Слични содржини