Анкета на „Рејтинг“: СДСМ ќе победи во Крива Паланка

од Nikola Popovski

Според истражувањето на агенцијата за испитување на јавно мислење „Рејтинг“, кандидатот на СДСМ во Крива Паланка ќе победи на локалните избори.

Оваа анкета била спроведена со методот „лице в лице“ на примерок од 400 испитаници, ги мери рејтинзите на партиите, задоволството од локалната самоуправа, но и главните проблеми со кои се сочуваат жителите на Крива Паланка за кои локалата власт треба да најде решение и да се фокусира во следниот мандат.

Според истражувањето, дури 50,1% од испитаниците одговориле дека работите во општината се одвиваат во правилна насока, наспроти 42,8% кои сметаат дека се одвива во погрешна. Како главен проблем во општината граѓаните во анкетата го навеле реконструкција на улиците и патишта, па на второ место е урбанистичкото планирање и уредување на општината, а на трето е недостатокот на паркинг места.

Речиси двојно повеќе граѓани сметаат дека градоначалник на СДСМ подобро би се справил со овие проблеми отколку градоначалнк на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, на прашањето:
„Кој поуспешно би се справил со клучните проблеми со кои се соочува Крива Паланка?, 35,8% рекле дека тоа би бил градоначалник од редовите на СДСМ, 20,1% градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, додека 21% рекле дека ниту од едната ниту од другата партија. Остнатите испитаници не дале одговор или не можеле да оценат.

Исклучително голема поддршка кај испитаниците има генералниот секретар на СДСМ и заменик премиер, Љупчо Николовски.

Согласно истражувањето, на прашањето: „Општо земено, колку сте задоволни од работењето на Љупчо Николовски, заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси?“, високи 69% од испитаниците рекле дека се целосно или главно задоволни додека само 25% рекле дека се незадоволни од неговата работа. Останатите не дале одговор или немале мислење по однос на ова прашање.

Слични содржини