Анкета во Германија: Десничарската АфД ги надмина владејачките социјалдемократи

од Vladimir Zorba

Поддршката за десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD) продолжува да расте и според резултатите од тековното истражување на јавното мислење „Германски тренд“, таа партија ја турна на третото место владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) со 19 проценти од поддршката, пренесе Дојче веле.

Доколку оваа недела во Германија се одржат сојузни парламентарни избори, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) би освоила најголем број гласови, покажува актуелното истражување на јавното мислење „Германски тренд“, кое редовно го спроведува институтот „Инфратест-димап“, на барање на јавната телевизија АРД.

Во анкетата, која беше спроведена на 20 и 21 јуни, беа опфатени 1.191 граѓанин.

Слични содржини