Апасиев бара оштета од 30.000 евра за незаконското прислушување

од Берта Китинска

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев поднесе тужба и бара оштета од 30.000 евра за незаконското следење, односно прислушкување на неговите телефонски разговори.

Апасиев, вчера на покана на Основен кривичен суд – Скопје, во својство на оштетен, достави писмена изјава во врска со незаконското следење на лични комуникации. Станува збор за кривичниот предмет во јавноста познат како „Таргет – Тврдина“.

„Со оглед дека од т.н. Специјално јавно обвинителство (СЈО) добив потврда за незаконското следење на моите комуникации, го известувам Судот дека се чуствувам за оштетен поради незаконско следење, т.е. прислушкување на моите телефонски разговори за подолг период“, стои во изјавата на Апасиев.

„Исто така, доколку по постапката пред Судот се утврди одговорност и на давателот на телекомуникациските услуги (ONE/VIP/A1), чиј корисник е Апасиев, и врз кој телефонски број незаконски е применета посебна истражна мерка за илегално следење на лични комуникации, тој предјавува оштетно побарување и од компанијата за штетата што ја има претрпено“, соопшти партијата.

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вчера, на ден 11.01.2021, на покана на Основниот…

Posted by Левица / E majta / Levica on Tuesday, 12 January 2021

Слични содржини