Апокалиптични сцени од Њујорк, портокалов чад го прекри градот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Сликите и видеата кои денеска пристигнуваат од североистокот на САД изгледаат како сцени од „Лудиот Макс“ – вака американските медиуми ја опишуваат моменталната состојба во градовите на источниот брег, поради густиот чад од соседна Канада, којa е зафатена од шумски пожари. Посебно беше погоден Њујорк, а чадот стигна до Вашингтон.

Како што објави CNN во најновите извештаи, воздухот е „морничава портокалова нијанса“, а видливоста е слаба. Зградите што вообичаено би можеле да ги видите јасно на јасен ден се заматени од темна магла.

Исто така, се поставува прашањето зошто чадот е портокалов, а не бел, сив или некоја друга боја?

Чадот од шумските пожари го претвора воздухот во портокалова од истата причина што чистиот воздух го прави небото да изгледа сино – тоа е поврзано со тоа какви ситни честички има во воздухот, колку има и каква боја бранови должини ги блокираат.

Овој ефект е уште поизразен наутро и навечер, кога сонцето е ниско на небото, а сцените од Њујорк точно покажуваат за каков ефект станува збор.

Според мерењето на Индексот за квалитет на воздухот, Њујорк во моментов е најзагаден град во светот со концентрација на ПМ2,5 честички на 353, што е 60,7 пати повисока од годишната вредност според упатствата за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација и квалитетот на воздухот е оценет како опасен.

Слични содржини