Апостолки – тренд за време на пандемија

од Vladimir Zorba

Апостолките ја обележаа модата во време на пандемија, кога беше воведен карантин и работа од дома. Пазарот на апостолки на глобално ниво достигна вредност од 17,8 милијарди долари, а само ова лето надмина 20 милијарди долари.

Додека луѓето во услови на пандемија бегаат од градовите и наоѓаат прибежиште во внатрешноста, некои индустрии од пазарната периферија, доаѓаат во центар на интересот на купувачите. Тоа е случај со апостолките што станаа вистински хит во време на пандемија.

Само во Велика Британија побарувачката за апостолки порасна за 53% од јуни. Ваквиот тренд, како што анализира Бизнис и финансии, го одбележа карантинот и во други земји, бидејќи масовно се работеше од дома, па вработените можеа да заборават на неудобни деловни чевли или високи потпетици.

Производството на апостолки минатата година достигна вредност од околу 17,8 милијарди долари, а според аналитичарите овој пазар ќе порасне за над 4% до 2025 година.

Слични содржини