Apple ја менува стратегијата: Помалку iPad, повеќе iPhone

од Vladimir Zorba

Американската технолошка компанија ќе го фаворизира повеќе производството на iPhone 13 затоа што предвидува поголем раст на побарувачката за паметни телефони.

Apple го намали производството на iPad таблети, со цел поголемо количество компоненти да пренасочи кон производството на iPhone 13, а познато е дека се уште недостигаат чипови и други суровини.

Овој потег на технолошкиот гигант е знак дека глобалната криза со понудата на чипови продолжува да влијае на светот посилно отколку што се мислеше, па дури и на овој производител на гаџети.

Како што понатаму наведува јапонскиот весник Nikei, повикувајќи се на повеќе извори, производството на iPad е преполовено во последните два месеци во споредба со првичните планови на Apple.

Во текстот се додава дека деловите наменети за постари уреди на iPhone се пренесуваат и во производство на нов модел со ознака 13, пренесе Reuters. Иако неговото производство беше попречено од затворањето на фабриките во Азија и високата побарувачка во втората половина од годината, Apple се снаоѓа подобро од многу други компании со намалена понуда. Како?

Поради огромната куповна моќ и долгорочните договори со добавувачите на чипови.

Американскиот технолошки гигант го фаворизира производството на iPhone 13 делумно затоа што предвидува поголем раст на побарувачката за паметни телефони отколку за iPad, бидејќи западните пазари почнуваат да излегуваат од пандемијата, вели Nikei, повикувајќи се на неименувани извори.

Слични содржини