АППТ со туристичка анализа: Со континуиран туристички раст целите за 2025 година се 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4% во БДП…

од Nikola Popovski

Според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година кое е продолжување на предходните две се е насочено кон постигнување на резултатите од 2019 година, нивно надминување со целта од 3,3 милиони ноќевања. Очекувањата се повеќе од 530 милиони долари промет од туристичката индустрија да се влеат во македонската економија. Туризмот како област е многу чуствителен на опкружувањето и голем број процеси влијаат дирекно или индирекно врз неговато планирање, успешност, раст и развој. Токму годинава туризмот во Македонија e исправен пред неколку предизвици, односно надополнување на бугарските туристи и ноќевања кои очигледно поради специфичните политички односи помеѓу двете земји ќе недостасуваат посетителите од Бугарија, намалувањето на минусот на албанските и косовските туристи кои патуваат во други дестинации бидејки последните две години поради пандемијата максимално беа насочени кон нашите дестинации. Поради овие три пазари, се мисли на албанскиот, косовскиот и бугарскиот враќањето на резултатите од 2019 година се очекува да биде во втората половина на 2023. Минисот од овие туристи ќе се амортизира со зголемениот број на туристи од Хрватска, Србија, Романија, Tурција, Словенија.

Сепак 2023 година треба да покаже дека отворањето на нови пазари, воспоставувањето на нови чартери и редовни линии, реализацијата на првиот дел на медиумската кампања од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот веќе во првите пет месеци од 2023 година создаваат позитивна клима и раст на холандските, турските, романските, англиските, српските туристи надополнети со други секундарни пазари, од кои се очекува раст од 20% до 30%. Овие резултати нема да беа возможни доколку сите заедно во македонскиот туристички сектор низ изминатите три години неуморно работевме, прилагодувајки се на новата реалност во туристичката индустрија.

Скок на гости во првите пет месеци 2019/2023 година се бележи од турските, романските, српските туристи како и остварени ноќевања со што 2023 година ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајки се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија. Овие резултати не може да се постигнат без заедничка работа на сите во туристичката индустрија секој ден, верувајки и градејќи доверба едни кон други.

Позитивни резултати се забележани во Охридскиот и Скопскиот регион, во првите пет месеци за 2023 година има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања.

Стратешките планови подготвени од тимот на Агенцијата за туризам во целост се покажаа како ефикасни и реални остварувајки ги своите цели во последните години. Растот на туризмот во Македонија не се случува стихијно туку во последните пет години планирано и мерливо.

Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ – БДП во 2011 изнесувал 0,4%, 2018 2,4% додека во 2022 година изнесува 3,6%, достигнувајки 481 милион долари. Доколку ги споредиме првите квартали (Q1) на приливот од туризмот 2018/2019/2020/2021/2022 година и покрај пандемијата која започна во 2020 година нема забележено пад, што не може да се случи ако изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ. За прв пат во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари што е за 19% повеќе од 2022 година или 41% повеќе од 2019 година, што не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите за 2023 година и продолжиме кон целта за 2025 година кога треба да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања. Согласно податоците од последните истражувања на Аналитикс и 68 комисија на Европа при Светската Туристичка Организација- UNWTO неодамна одржана во Софија за македонскиот туристички сектор, во македонската туристичка индустрија се вработени помеѓу 30000 и 33000 лица во зависност од сезоналноста што преставува околу 5% од вкупниот број на вработени во македонската економија. Со намалување на сезоналноста и зголемувањето на просечниот престој кај странските и домашните туристи ќе се зголеми бројот на вработените на неодредено време во македонскиот туристички сектор, ќе се намалат сезонските вработувања, просечна исполнетост на хотелските капацитети на годишно ниво над 45%, ќе ја зголеми просечната плата во секторот и ќе се успори миграцијата на работната сила во други држави. Оваа состојба се постигнува со долгорочна стратегија во туристичката индустрија, ново реархитектуирање на АППТ со создавање на дестинациски менаџмент организации-ДМО, вложување во човечкиот капитал, стратегија доволно флексибилна за да одговори на се поистенчените вкусови на новите целни групи во светскиот туризам

Слични содржини