Аргентина: Уапсен чилеанскиот полковник од ерата на Пиноче

од Stefanija Kuzmanovska

Во Буенос Аирес беше уапсен чилеанскиот полковник обвинет за кршење на човековите права за време на владеењето на чилеанскиот диктатор, генерал Августо Пиноче.

Полковникот Валтер Клуг Ривера беше обвинет за исчезнување и ликвидација на 23 работници во 1973 година, веднаш откако Пиноче изврши државен удар и го симна од власт тогашниот претседател Салвадор Аљенде, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 3.000 луѓе исчезнаа или беа убиени за време на насилството за време на диктатурата на Августо Пиноче, од 1973 до 1990 година.

Воените и тајните служби мачеле и протерале илјадници неистомисленици и левичари, покажа истрагата.

Слични содржини