Арифи: Човекот од кој многумина се плашеа да му го споменат името доби сериозна казна

од Берта Китинска

Денешниот ден е важен, бидејќи е осуден човек на кој многумина во минатото се плашеа да му го споменат името, изјави универзитетската професорка по казнено право, Беса Арифи во емисијата „360 степени“.

Таа вели дека е многу важно што случајот „Таргет-Тврдина“ добива правна разрешница, а судот испрати важна порака.

„ Овој ден е важен, затоа што еден многу силен човек од кој многумина се плашеа да му го споменат името, го викаа „сенка“, братучед, денеска завршува како осуден човек од прв степен со доста сериозна казна од 12 години затвор. Во оваа насока мислам дека судот со ваквата пресуда испрати порака ваквото кривично дело е тешко дело и не треба да се повтори од секој кој што може да дојде во позицијата на сила како што имаше Мијалков“, рече Арифи.

Таа вели дека од сите случувања изминативе денови, најспорно е што по неговото враќање од бегство, тој беше во домашен притвор наместо во нормален.

„Тој не се врати доброволно, му беше извршен притисок и затоа за мене е спорен моментот што по неговото враќање тој замина во куќен притвор. Затоа што, лице кое е во бегство и се вратило под притисок да го стори тоа, а не доброволно, не смее да оди во куќен притвор, и не требаше да има олеснителна околност. Да беше некој друг, без сомнение дека од враќањето од бегство би отишол во нормален притвор“, вели Арифи.

Слични содржини