Армијата доби донација од Кина вредна 250.000 евра

од Vladimir Zorba

Донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина вредна околу 250.000 евра денеска и беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија.

На примопредавњето во касарната во Ѓорче Петров пруствуваа државниот секретар во МО Драган Николиќ и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо кој истакна дека станува збор за практична активност од соработката меѓу двете армии и двете земји и е искрена поддршка на кинескиот народ за македонскиот во борбата против вирусот.

-Донацијата е од нашата народна армија и е добар симбол да докажеме дека вистинските пријатели се гледаат во несреќа. Кина со искрена надеж сака да соработува со РСМ заедно да се бориме и побзро да го победиме вирусот, рече амбасадорот Ѕуо и нагласи дека оваа донација следи во редот на повеќе реализирани донации од збратимени градови, хуманитарни организации и компании од Кина.

Николиќ изразувајќи благодарност до НР Кина за овој хуманитарен гест, истакна дека донацијата е предвидена за Армијата на РСМ која се наоѓа на првата линија на борба против Ковид 19., и која покажа подготвеност на највисоко ниво во справување со сите предизициви во однос на коронавирусот и во делот на кризната состојба кога започна и во делот на вонредната состојба во поддршка на граѓаните, но и на здравствените власти во поглед на спречување на ширење на коронавирусот.

-Само преку акти на солидарност заеднички споделните искуства, научените лекции можеме сите заеднички и во регионот и глобано да ја победиме оваа пандемија. Во тој контекст ние ги споделуваме искуствата, научените лекции, но и мерките и активностите кои на светско ниво се применуваат така што сме подготвени и за наредниот период за евентуалниот втор бран уште поефикасно да се справиме со коронавирусот и час поскоро да ја победиме оваа пандемија, вели Николиќ.

Слични содржини