Армијата се враќа на јужната и на северната граница

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе врши обезбедување на јужната и северната граница.

„Врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19 и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба, претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница“, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Слични содржини