Арсенал до последен момент бил во трката за потписот на Рафиња

од Vladimir Zorba

Бразилскиот репрезентативец Рафиња, кој потпиша за Барселона ова лето, бил меѓу големите трансфер цели на Арсенал. Ова за Sky Sports го призна спортскиот директор на „топџиите“, Еду Гаспар.

„Луѓето мислат дека до крајот бевме во борба за Рафиња, бидејќи неговото име беше на сите во уста. Имавме разговори со неговиот агент Деко, со кого имам многу добри односи, пријатели сме. Му реков: Дали би ми ја разјаснил ситуацијата на Рафиња?“ Тој беше јасен: „Еду, имаме многу добри односи и нема да те лажам. Неговата идеја е да замине во Барселона затоа што сонува за тоа, а ние долго време преговараме со клубот“, прокоментира Еду.

Арсенал отстапил по тој разговор, но одел до крај за да види дали Барселона може да поднесе понуда за Рафиња, која ќе му одговара на Лидс.

„Доколку нешто се случи, кажете ми веднаш бидејќи можеме да се вклучиме. Ако не, ќе ја задржиме нашата одлична врска“, му рекол уште Еду на агентот на играчот, пред да биде објавен трансферот на Бразилецот на „Камп Ноу“.

Слични содржини