Арсовски: 90% од тие 132.000 граѓани намерно не дозволиле пописот да биде спроведен

од Nikola Popovski

Две големи организации ги номинираат стандардите за попис во сите држави. И не можете со попис да ги попишете сите. Главна причина кај нас за тензиите се дека прво сме немале попис 20 години. Во тие 20 години, промените на населението се големи отколку на обичен попис на 10 години, за да се планираат развојните политики. Второ во овие 20 години премногу лицитиравме со бројки. Секој си имаше свои очекувања, вели политичкиот аналитичар Петар Аровски во емисијата „Само вистина“.

За бројката од 132.000 „непрашани“ во пописот, Арсовски вели дека тоа се луѓе кои избегнале да бидат попишани.

-Над 90% од овие 132.000 намерно не дозволиле пописот да биде спроведен. ДЗС за нив има податоци освен за религија и етничка припадност. Мора за тоа да бидат прашани лично, но за нив се има информации. Луѓето можат да се чувствуваат Југословени, па да се чувствуваат Македонци, посочува Арсовски.

Според него, ги забораваме неспорните исклучоци од пописот.

-Имаме намалување на наталитетот, имаме емиграција на населението, имаме намалување на населението во одредени географски региони, голема имиграција во Скопје, тоа е неспорно и со тек на време ќе мораме да се бавиме со нив, рече Арсовски.

Слични содржини