„Ауди“ излета од автопат, три млади лица се повредени

од Nikola Popovski

МВР информира дека синоќа се случила сообраќајна несреќа на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево.

-До несреќата дошло кога „ауди“, управувано од Б.Д.(27) од Гостивар излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Б.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничките А.Ј. и Ј.Ј., констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа од полициска станица Гостивар, соопштија од полицијата.

Слични содржини