Авиокомпанија „Гуливер“ ќе ги поврзе Скопје и Софија за помалку од 50 евра?

од Берта Китинска

Директните летови меѓу Софија и Скопје, ќе ги изведува бугарската стартап-компанија „Гуливер“, објави бугарскиот портал „Сега“.

Трасата која двапати беше затворена бидејќи беше неисплатлива, всушност е дел од поголемите планови на компанијата. Уште во март минатата година, Гуливер доби официјална дозвола од американското Министерство за транспорт да оперира со чартер и редовни летови од ЕУ до САД. Во март или април годинава компанијата ќе почне да лета на директна линија Софија-Њујорк. Гуливер е овластен да лета директно до меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада.

Во исто време, компанијата планира да започне со летови не само од Скопје, туку и од другите аеродроми на Балканот – Тирана и Солун за да обезбеди зафатеност од 335 седишта на нејзините три авиони Ербас А330-200, кои ќе летаат до „ Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, првично двапати неделно, во среда и петок. За да имаат економска исплатливост на кратките летови, тие ќе се вршат со мали авиони – компанијата има двомоторен „АТР-72“, а цената на летот, како што се вели, ќе биде до 50 евра.

Воведувањето на нова авиолинија од Софија до Скопје ќе допринесе во зближување на двата народи, како и развој на економските односи и туризмот. Во следниот период до одржување на заедничката седница на Владите на Република Северна Македониија и Република Бугарија кон крајот на овој месец, ќе се договорат деталите околу воведување на авиолинијата.Ова го договорија двајцата министери за транспорт и врски Благој Бочварски и Николај Сабев при официјална посета на владината делагација од Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков.

Слични содржини