АВМУ: Немаме надлежност врз медиумите базирани на интернет

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи до Агенцијата достави допис со кој побара реакција во врска со начинот на известување на неколку медиуми базирани на интернет за инцидентот случен на фудбалскиот натпревар во село Волино, Дебрца, на 8 септември 2019 година.

Агенцијата нема надлежност врз медиумите базирани на интернет, за што го извести МВР, но дописот го искористи како повод да го провери начинот на известување на националните телевизии и на телевизиите што емитуваат програма во подрачјето каде што се случил инцидентот.

Со увидот беше констатирано дека телевизиите коишто информираа за настанот не ги прекршија програмските принципи и стандарди со оглед на тоа што, во прилозите на оваа тема, пренесоа различни гледишта и мислења и користеа повеќе извори на информации, меѓу кои и МВР.

Агенцијата, апелира, како и повеќепати досега, сите медиуми објективно и непристрасно да ги прикажуваат настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења за да и овозможат на публиката слободно оформување на мислењето за одделни настани и прашања. Медиумите базирани на интернет не треба да бидат исклучок и покрај тоа што не подлежат на регулација.

Слични содржини