АВМУ за инцидентот во ЈП Комунална Хигиена: Сите треба да се однесуваат пристојно и достоинствено, особено при вршење на своите работни задачи

од Vladimir Zorba

Во врска со вчерашниот инцидент помеѓу лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје и новинарска екипа на ТВ Клан, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека сите треба да се однесуваат пристојно и достоинствено особено при вршење на своите работни задачи.

„Јавните институции треба да бидат отворени и транспарентни и да вложат максимални напори на претставниците на медиумите да им овозможат непречен пристап до информации при известување за теми кои се во интерес на јавноста“, велат од оваа институција.

Појаснуваат дека доколку новинарите на кој било начин се спречени да дојдат до бараната информација за тоа треба да ја информираат јавноста.

„Воедно, при вршењето на својата работа, медиумските работници треба да покажат професионална одговорност, да ги почитуваат етичките и новинарски принципи и стандарди при известувањето и да го чуваат угледот на својата професија“, се потенцира во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Слични содржини