Австралија со дронови ги штити пливачите од крокодили

од desk2

Австралиските власти почнаа да користат дронови за полесно пронаоѓање на крокодилите кои се појавуваат во близина на пливачите.

Дроновите веќе се користат во сојузната држава Квинсленд, а се направени благодарение на соработката помеѓу Riper Group и технолошкиот универзитет во Сиднеј. Работат користејќи AR технологија која може да детектира 16 различни врсти на животни вклучувајќи и ајкули и тоа со 93 постотна прецизност.

Опремени се со сирени, звучници и пловни средства за да можат да ги предупредат пливачите и воедно да им пружат помош во случај на опасност.

„Ова е одличен начин за употреба на дроновите помагајќи ни да ја зголемиме јавната безбедност. Навистина корисно“, рече професорот Серж Вич кој одамна се бави со развој на дронови за општа корист.

Слични содржини