Австралиски војник сними филм и во кино ја запроси девојката

од desk2

Австралиски војник на оригинален начин ја запроси својата девојка, со филм снимен и прикажан во кино.

Мајк ја изненади својата девојка, и ја воодушеви јавноста со оригиналноста. Ребека и тој отишле во кино да гледаат филм, но пред филмот пуштено е видеото со кое тој ја запросува.

На екранот се покажале кадри од Тихиот Океан и местото каде прв пат и рекол дека ја сака. Тој вади дијамантски прстен со кој ја бара за сопруга. А потоа следувала и вистинската работа.

Тој барал веренилки прстен со месеци, а потоа добил дијамантски прстен од 2,14 карати на натпревар. Снимир реклама со запросување за Diamond Concierge на Lennox Head, местото каде прв пат и рекол дека ја сака.

Ребека мислела дека ќе го гледа филмот „American Assassin”.

„Не споев минатата недела и бев нервозен, а таа постојано ме прашувапе зошто рацете ми се студени и зошто сум нервозен. Но, издржав“, вели Мајк.

Ребека се согласи да му биде сопруга, а сите гледачи во киното аплаудираа.

„Се уште бев во шок. Беше преубаво. Направи нешто неверојатно, молчејќи.“, вели Ребека.

Двојката била во врска веќе три години.

Слични содржини