Австрискиот министер за внатрешни работи против влезот на Хрватска, Бугарија и Романија во Шенген

од Vladimir Zorba

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер од конзервативната Австриска народна партија (ÖVP) се спротивстави на проширувањето на Шенген зоната во Хрватска, Бугарија и Романија, објави германската агенција dpa повикувајќи се на австрискиот весник „Куриер“, за кој беше објавено синоќа во хрватските медиуми.

„Не е соодветно да се гласа за проширување, кога системот на надворешни граници не функционира“, изјави Карнер за Курир.

Имено, тој вели дека Австрија се соочува со зголемен прилив на бегалци кои до неа стигнале преку другите земји од Европската унија (ЕУ) и по т.н. „Балканска рута“. Според неговото министерство, над 90.000 од нив пристигнале на австриската граница од почетокот на годинава, а од тој број, 75.000 претходно не биле регистрирани во ниту една земја на ЕУ.

„Затоа, како министер за внатрешни работи кој е одговорен за безбедноста, се спротивставувам на проширувањето“, рече Карнер.

Хрватска ги исполни условите за влез во Шенген зоната и доби зелено светло од Европската комисија и Европскиот парламент.

Конечната одлука ќе ја донесе Советот на ЕУ, односно нејзиниот Совет за внатрешни работи и правда на состанокот на 8 и 9 декември во Брисел.

Чешкото претседателство подготви две предлог-одлуки, една за Хрватска и една за Бугарија и Романија.

Одлуката ја носат земјите-членки на ЕУ, кои се и членки на Шенген зоната, од нив 22. Одлуката бара консензус.

Шенген зоната вклучува 26 членки – 22 земји-членки на Европската унија и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Членките на ЕУ надвор од Шенген ги вклучуваат Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар и Ирска, која сака да управува со сопствената погранична област во соработка со Велика Британија.

Засега Австрија не се спротивстави на влезот на Хрватска во Шенген зоната.

Слични содржини