Автомобил со скопски таблички заврши во Егејското море (ФОТО)

од Nikola Popovski

Многу наши сограѓани викендов ја напуштија државата и заминаа на викенд во Грција, но сепак еден граѓанин нема да го памети по добро престојот кај јужниот сосед.

Според објавите на социјалните мрежи, автомобил со македонски регистарски таблички паднал во Егејското море.

-Поздрав би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно кревање рачна кочника и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички, стои во објавата на Фејсбук страницата „Grcka info“.

Слични содржини