Бабовски: Храната ќе ја имаме, но народот може да биде гладен поради високите цени

од Nikola Popovski

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска информира дека храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени.

Растот на цените на прехранбените производи од животинско потекло, пак, како што посочи директорот Бабовски, е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи, а во однос на влијанието на руско-украинската криза врз квалитетот и количините на храна, посочи дека увозот е под контрола.

Инаку, Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца.

-Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи на пазарот неможат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира узвозот на храна, преку мониторинг програма за секојдневна контрола, изјави Бабовски.

Слични содржини