Бајден објасни зошто не сака заедничка прес-конференција со Путин

од Nikola Popovski

Притиснат за да каже зошто нема да одржи заедничка прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека „не станува збор за натпревар кој подобро ќе се претстави на конференцијата или ќе се обиде да го посрамоти другиот“, рекол тој денес за „ABC News“.

На прашањето дали очекува да може да го промени однесувањето на Русија и нејзиниот претседател, Бајден рече дека нема гаранција за такво нешто.

„Прво и најважно, не постои гаранција дека ќе го промените однесувањето на личноста или однесувањето на земјата од каде доаѓаат. Автократите имаат огромна моќ и не мораат да одговараат на јавноста“, рече Бајден, а пренесе „ТАС С“.

Предвидено е Путин и Бајден да се состанат на 16 јуни во Женева.

Слични содржини